• Саше Љолес

Екипата на Тотенхем славеше убедливо со 5-1 на пријателскиот натпревар против украинскиот тим, Шахтјор Доњецк. Прва ѕвезда на мечот беше неверојатниот Хари Кејн, кој го „торпедираше“ голот на гостинскиот тим и уште еднаш покажа дека е меѓу најдобрите напаѓачи во светот.
- Извештај од натпреварот:
Првите 45 минути понудија по еден гол на двете страни и ништо не навестуваше дека во продолжението Шахтјор ќе биде „потопен“. Хари Кејн го отвори резултатот со удар од белата точка во 38. минута, а пред истекот на првото полувреме на 1-1 израмни Кевин Келси.
Второто полувреме донесе многу поконкретна игра на домашните. Тотенхем „експлодираше“ и нижеше добри акции пред голот на Шахтјор. На Хари Кејн не му беше потребно многу за да го врати својот тим во водство и со два брзи гола, за вкупно десетина минути зголеми на 3-1 и до 55.минута го комплетираше својот хет-трик.
Четвртиот гол капитенот на англиската репрезентација го постигна во 79. минута, а до крајот на мечот Тотенхем уште еднаш ја затресе противничката мрежа, овој пат преку Дејн Скарлет во 94. минута. Конечниот резултат гласеше 5-1 за „петлите“ од Лондон, кои најавија дека се во солидна форма пред почетокот на Премиер лигата.
Играч на мечот дефинитивно беше супер-ѕвездата Хари Кејн, за кого постои огромен интерес од Баерн Минхен. Германскиот гигант прави сѐ што може за да го доведе во својот табор, но преговорите се одвиваат долго и тешко, па останува да видиме што ќе се случи до крајот на летниот преоден рок.