Баерн ќе го врати Хумелс во Дортмунд за 30 милиони евра

Хумелс

Борусија Дортмунд извиси во трката за титулата во Бундеслигата и повторно заврши зад лутиот ривал Баерн Минхен.

Раководството на баварскиот тим во минатото често ги купуваше најдобрите играчи на „милионерите“, стекнувајќи предност во меѓусебните дуели и во домашното првенство.

Сега, двете екипи водат преговори за кам-бек на еден од фудбалерите. Дефанзивецот Матс Хумелс е блиску повторно да го облече „црно-жолтиот“ дрес на Борусија и да заигра пред навивачите на „Сигнал Идуна Парк“.

По седум години поминати во Дортмунд, германскиот репрезентативец се пресели во Минхен во 2016 година. 

30-годишникот ја започна кариерата во Баварците, а потоа најпрво замина на позајмица, па доби договор од осумкратниот германски шампион.