Баерн ќе го санкционира Кимих поради карантинот

Баерн Минхен

Баерн Минхен нема да му исплаќа плата на Џошуа Кимих, во периодот кога играчот за врска ќе биде во карантин.

Ѕвездата на германскиот првак јавно призна дека не се вакцинирал. 26-годишникот замиина во задолжителна изолација, поради новите протоколи во Баварија, па не беше дел од поразот кај Аугсбург.

„Билд“ тврди дека управата на Баварците одлучила да го остави без примања во наредниот период. Тоа ќе го направи благодарение на законите донесени за време на пандемијата.

Кимих ќе остане без дел од годишните приходи, поточно ќе биде „олеснет“ за 800.000 евра. Неодамна тој стави потпис на нов договор со Баерн, кој му носи 20 милиони евра годишно.

Покран него, во баварскиот гигант без вакцини се уште и Џамал ​​Мусиала, Серж Гнабри, Ерик Максим Чупо Мотинг и Микел Кизанс.