ВИДЕО: Баерн ја зголеми предноста на врвот, Левандовски руши рекорди како од шега

Левандовски

Бранителот на титулата во Бундеслигата, Баерн Минхен, им се врати на победите и потешко од очекуваното се справи со Фрајбург (2-1) во 16. коло. Гостите пружија голем отпор, но недоволен за да заминат дома со променето бодовно салдо.

  • Баерн Минхен - Фрајбург 2-1: 

Уште во раната фаза Роберт Левандовски се запиша во листата на стрелци. Одличната асистенција на Томас Милер ја претвори во погодоок и стана првиот фудбалер кој успеал да постигна 21 гол на првите 16 натпревари во Бундеслигата.

Фаворитот продолжи да притиска и да креира сериозни шанси. Не искористи ниту една, па доби казна, која ја сервираше Петерсен. Гостинскито фудбалер ја врати својата екипа во игра за бодови, откако со глава успеа да го матира Нојер. Тоа значително ја зголеми иницијативата на Баварците, кои на крај сепак успеаја по вторпат да ја надмудрат гостинската одбрана.

Асистентот на првиот погодок за Баерн овојпат имаше улога на стрелец. Додавањето му припадна на Лерој Сане, а оваа комбинација беше одлучувачка на оваа средба на „Алијанц Арена“ во Минхен. Последното возбудување го промаши Левандовски кој не успеа да искористи дуел еден на еден со противничкиот голман. Фрајбург застана по пет победи во низа и остана на осмата позиција, а баварскиот тим ја зголеми предноста пред РБ Лајпциг, кој одигра нерешено со Волфсбург.

Дарко Чурлинов не настапи во ремито на Штутгарт против Борусија Менхенгладбах (2-2). Штиндл и Закарија ги постигнаа головите за гостите, а Нико Гонзалез и Вавангитута од пенал ги спасија „шбавите“ од пораз.

  • Штутгарт - Борусија Менхенгладбах 2-2: 

Шеснаесеттото коло ќе го затворат Ајнтрахт Франкфурт и Шалке 04 од 18:00 часот.