• Зоран Мишевски

Легендите живеат вечно, посебно ако се така омилени како Герд Милер. Баерн Минхен му подигна споменик на легендарниот напаѓач. Статуата на најдобриот стрелец во историјата на Баерн и целиот германски фудбал беше откриена пред „Алијанц Арената“.
Герд Милер е рекордер на Баерн со 568 гола во 611 натпревари, шампион од Европското првенство во 1972 и Светското првенство 1974 година, како дел од германската репрезентација, трикратен освојувач на Купот на шампионите, освојувач на „Златната топка“ 1970 и „Златна копачка“ (1970, 1972) .
Милер почина на 14 август 2021 година на 75-годишна возраст.