Баерн ја одреди цената за Мусиала: На потег се Сити, Јунајтед, Реал, Ливерпул...

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен одреди отштета од 140 милиони евра за играчот на минхенскиот клуб Џамал Мусиала, пренесуваат британските и германските медиуми. 21-годишниот германски ас има договор со Баерн до 30 јуни 2026 година.

Германските медиуми тврдат дека Мусијала сака да ја продолжи соработката со клубот од Минхен, но бара неделна плата од 350.000 евра. Челниците на Баерн сметаат дека германскиот репрезентативец има превисоки финансиски барања, но се подготвени да ги продолжат преговорите со неговите агенти.

Исто така, клубот од Минхен е подготвен да го продаде германскиот репрезентативец, но со обештетување од 140 милиони евра.

Интерес за фудбалерот на Баерн покажаа Реал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал. Мусиала порасна во Челзи, а во Баерн пристигна во 2019 година. За клубот од Минхен одигра 167 натпревари и постигна 45 голови. Има англиско и германско државјанство, во младинските категории играше за „Гордиот Албион“, но кога созреа се реши да го облече дресот на Германија.