Баерн ја одби втората понуда и му одреди цена на Левандовски

Левандовски

Барселона доби негативен одговор на првата понуда до Баерн Минхен за Роберт Левандовски. Шпанскиот клуб наводно бил подготвен да плати 32 милиони за полскиот напаѓач.

Бидејќи тоа било неприфатливо за германскиот првак, Каталонците ја подобриле понудата. И тоа за осум милиони евра, што одново донесе разочарување кај челниците на тимот од „Алијанц Арена“. Не само што ја одбиле понудата, туку Баварците ја одредиле цената за која би го продале својот најдобар фудбалер. Таа гласи 50 милиони евра, што е сума која засега Барса не е спремна да ја плати.

Левандовски сака да си замине од Баерн по 344 гола на 375 натпревари во изминатите осум години.