ВИДЕО: Баерн ја „наполни“ Борусија во дербито, Левандовски продолжи да решета

Баерн Минхен

Првото сезонско дерби меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд им припадна на Баварците (4-0), кои денес ја израдуваа публиката на „Алијанц Арена“ и се вратија во горниот дел од табелата во Бундеслигата.

Гол-машината Роберт Левандовски продолжи да решета мрежи во домашното првенство. Досега постигна погодок на сите натпревари во тековната сезона, а денес со глава ја најави победата против поранешната екипа.

  • Извештај од натпреварот: 

На стартот од вториот дел се беше јасно, кога Серж Гнабри од непосредна близина го совлада голманот Бурки. „Милионерите“ беа инфериорни во однос на лутиот ривал и без никаква шанса да се изборат за неизвесност до крајот на натпреварот.

Мизеријата на гостите ја потврдија Левандовски со втор погодок и Матс Хумелс со автогол, кој ги постави конечните 4-0. Баварскиот тим остана на еден бод од лидерот Борусија Менхенгладбах, која утре ќе се сретне со Вердер.