Баерн ја договори отштетата и го доби наследникот на Тухел!

По долга потрага, Баерн Минхен конечно има нов тренер. Белгиецот Винсент Компани ќе седне на тренерското столче на Баварците и ќе ја води екипата во периодот кој следи.

Раководството на германскиот тим ја договори отштетата со Барнли за услугите на 38-годишниот тренер. Белгиецот доаѓа во Минхен за сума од 12 милиони евра и наскоро ќе биде потврден.

Компани ја договори соработката со Баерн Минхен до 2027 година. Во екипата на Барнли тој работеше две години, а со овој тим испадна од Премиер лигата во сезоната која заврши минатиот викенд.

Претходниот и воедно прв тренерски ангажман му беше позицијата шест на стручниот штаб на Андерлехт.