• Саше Љолес

Екипата на Баерн Минхен продолжува со добрите игри во Бундеслигата и славеше со конечни 4-3 (2-0) над Холтшајн Кил во натпреварот од дваесеттото коло.
- Баерн Минхен - Холштајн Кил 4-3:
Избраниците на Винсент Компани немаа проблеми и водеа со 2-0 уште по првите 45 минути со головите на Џамал Мусиала и Хари Кејн. Англискиот репрезентативец зголеми на 3-0 по само една минута игра во вториот дел, а четвртиот погодок беше дело на Серж Гнабри, кој биеше прецизно во 54. минута од натпреварот.
Гостите од Кил до крајот на мечот успеаја да постигнат дури три гола, еднаш стрелаше Порат и двапати Згжипски, но немаа доволно време за сензација и го впишаа четиринаесеттиот пораз, со кој остануваат на претпоследната позиција на табелата. Баерн Минхен ја зголеми предноста пред Баер Леверкузен на девет бода, но „фармацевтите“ имаат и еден натпревар помалку.
Борусија Дортмунд ја прекина низата од четири меча без победа и славеше на гостувањето кај Хајденхајм со 1-2, со истиот резултат Борусија Менхенгладбах го надигра Штутгарт, Фрајбург го совлада Бохум со минимални 0-1, додека Сент Паули и Аугзбург ги поделија бодовите во ремито со конечни 1-1.