ВИДЕО: Баерн им се врати на победите, нови минути за Чурлинов во Бундеслигата

По болната елиминација во Лигата на шампионите, како и по ремито во Бундеслигата против Унион Берлин (1-1), фудбалерите на Баерн Минхен конечно ги израдуваа своите фанови, откако извојуваа значајна победа во дербито од 29. коло против Волфсбург, со резултат 2-3.

  • Волфсбург - Баерн Минхен 2-3

Момците на Ханси Флик уште од самиот старт му посочија на домаќинот дека бодовите ќе заминат за Минхен, а најзаслужен за тоа беше младиот германски репрезентативец Мусиала. 18-годишниот напаѓач на додавање на Алфонсо Дејвис биеше прецизно и го отвори резултатот, а само неколку минути подоцна на висината на задачата беше и Чупо Мотинг за сигурни 0-2 за гостите. 

Домаќинот за момент се врати во игра, откако Видхорст погоди за 1-2, но Мусиала експресно возврати и со својот втор денешен погодок се избори за 1-3  на полувреме. Во вториот дел Волфсбург успеа само да го ублажи поразот и конечните 2-3 ги постави Максимилијан Филип. 

  • Унион Берлин - Штутгарт 2-1: 

Единствениот македонски репрезентативец кој настапува во Бундеслигата, Дарко Чурлинов, одново доби шанса за докажување во дресот на својот Штутгарт, кој одигра солиден натпревар против Унион Берлин, но на крај загуби со минимални 2-1.

  • Фрајбург - Шалке 04 4-0: 

Од денешната програма на Бундеслигата најубедлив беше тимот на Фрајбург кој со 4-0 славеше над Шалке 04, додека сигурна беше и Борусија Менхенгладбах, победувајќи го Ајнтрахт Франкфурт со 3-0.

  • Борусија Менхенгладбах - Ајнтрахт Франкфурт 4-0:

Попладнево се игра натпреварот меѓу Баер Леверкузен и Келн, а утре Борусија Дортмунд го пречекува Вердер. Натпреварот Мајнц 05 - Херта е одложен заради позитивни случаи на ковид-19 во берлинскиот клуб.