ВИДЕО: Баерн им приреди ново разочарување на фановите, РБ Лајпциг убедлив кај Вердер

По болниот пораз од ПСЖ во Лигата на шампионите од пред неколку дена, Баерн Минхен им приреди ново разочарување на своите фанови и финишот од Бундеслигата го направи уште повозбудлив и понеизвесен. 

Баварците, иако важеа за големи фаворити и се очекуваше да слават лесна и убедлива победа, сепак се „лизнаа“ против жилавиот Унион Берлин, кој до „Алијанц Арена“ се враќа со голем бод (1-1). Откако во првите 45. минута мрежите мируваа во Минхен, во вториот дел Флик немаше друга опција освен со сите сили да тргне во офанзива, а тоа на крај му се исплати, откако младиот Мусиала во 68. минута го најде патот до мрежата на гостите и на Баерн му донесе водство од 1-0. Но, голот на младиот германски репрезентативец не беше доволен за победа, бидејќи упорните гости во самиот финиш се изборија за голем бод, откако Ингверстен погоди за конечни 1-1.

  • Баерн Минхен - Унион Берлин 1-1:

За разлика од шампионот, кој се мачеше и не ја оствари целта, второпласираниот РБ Лајпциг одигра моќен натпревар на гости кај Вердер Бремен и извојува убедлива победа од 1-4 (0-3). Прашањето на победникот во Бремен беше решено уште во првите 45. минути, во кои РБ Лајпциг преку Дани Олмо и Сорлот (2) се избори за водство од 0-3. Во вториот дел Рашица намали на 1-3, но по само една минута Сабицер стави точка на натпреварот (1-4).

  • Вердер Бремен - РБ Лајпциг 1-4:

Огромна победа од 4-3 извојува и Ајнтрахт Франкфурт во дербито за Лигата на шампионите со Волфсбург, со која го мина денешниот ривал на табелата и застана на третата позиција на табелата во Бундеслигата.

  • Ајнтрахт Франкфурт - Волфзбург 4-3: 

На последниот натпревар од попладневната програма на германската елита, екипите на Херта Берлин и Борусија Менхенгладбах ги поделија бодовите, играјќи 2-2.

  • Херта - Борусија Менхенгладбах 2-2: 

Попладнево се игра дербито на поранешните шампиони на Германија, Штутгарт и Борусија Дортмунд.