Баерн и Унион Берлин добија нов термин за одложениот натпревар

Иако ретко се случува, викендов во Германија беше одложен фудбалски натпревар заради наведи од снег. Дуелот од 13. коло во германското првенство меѓу Баерн Минхен и Унион Берлин на „Алијанц Арена“ ќе се одигра на 24 јануари. 

Проблемот не беше снегот на тревникот, туку блокираните пристапи до стадионот и низ минхенските улици. 

По дванаесет кола во германскиот шампионат, Баерн има 32 бода и моментално е на второто место. Од друга страна, по ист број на натпревари во Бундеслигата, Унион Берлин освои седум бода и се наоќа на 18. место. 

Баер Леверкузен е на првото место со три бода предност пред Баерн Минхен.