ВИДЕО: Баерн и комбиниран е силен за третолигаши

Екипата на Баерн Минхен рутински се пласира во следната фаза од Купот на Германија. Силните „баварци“ беа пресилни за Минстер (0-4) и дојдоа до место во 1/16-финалната фаза во натпреварувањето.

Избраниците на Тухел дури и комбинирани беа сигурни против третолигашот. Со добар прв дел, фаворитот си ја осигура победата и местото во следната рунда од Купот на Германија, натпреварување кое важи за најмасовно во земјата.

Уште во 9. минута Чупо Мотинг донесе позитива за гостинот од Минхен, а во 40. минута Лајмер зголеми на 0-2. Третиот гол беше дело на Кратциг, а конечниот епилог го постави Тел со погодок на четири минути пред крајот на средбата.

Баерн Минхен ќе го добие ривалот во следната рунда преку ждрепка која додатно ќе биде одржана.

Состави

Sascha Hildmann

5-4-1

    Томас Тухел

    4-4-2