Баерн и Борусија се борат за шампионската титула до последниот здив

Баерн Минхен Борусија Дортмунд

Денес на програмата е последното коло од сезоната во Бундеслигата. Одамна се нема случено освојувачот на титулата да не е познат по 33 одиграни кола.

Баерн Минхен е лидер и има два бода предност пред Борусија Дортмунд која беше на чело на табелата во поголемиот дел од сезоната. Тимот на Нико Ковач ремизираше кај РБ Лајпциг во претходното коло и пропушти можност уште тогаш да го прослави шампионскиот трофеј.

„Милионерите“ ќе се надеваат на сериозна игра на Ајнтрахт Франкфурт во дуелот со нивниот главен конкурент. Сепак, тие ќе мора да мислат и на своите проблеми кои ќе им ги направи Борусија Менхенгладбах.

Мечот во Минхен се очекува да биде преполн со емоции. Франк Рибери и Арјен Робен ќе се простат од публиката и за последен пат ќе го облечат дресот на баварскиот гигант. Исто така, тоа би можело да биде и последен настап за Лука Јовиќ, голгетерот на гостите, кој најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид во текот на летото.

Победата е императив за Ковач и Баерн која ќе им ја донесе седмата титула во низа во домашното првенство. Фудбалерите на Лусиен Фавр, пак, ќе мора да победат и да веруваат дека Ајнтрахт ќе им помогне и ќе победи на „Алијанц Арена“.