• Сашо Поповски

По дебаклот во Купот, Баерн Минхен се опорави со славје на гости кај Унион Берлин (2-5) во десеттото коло од Бундеслигата.
Дуелот донесе седум гола, а Роберт Левандовски со два погодоци во првиот дел донесе почетна контрола за фаворитот. Полјакот ја зголеми предноста на листата на стрелци, а Лерој Сане помогна гостите да заминат на пауза со висока предност. Домаќинот возврати преку Гиселман. Продолжението донесе по еден гол во секоја мрежа. Коман погоди за баварскиот гигант, а Риерсон постигна втор гол во мрежата на Мануел Нојер. Крајот донесе уште една реализација во режија на Томас Милер.
- Унион Берлин - Баерн Минхен 2-5:
Победа запиша и Борусија Дортмунд на дуелот против Келн (2-0). „Милионерите“ играат без повредениот Ерлинг Халанд и одржуваат чекор со водечкиот тим на Јулијан Нагелсман.
- Борусија Дортмунд - Келн 2-0:
Торган Азар ја продолжи голгетерската серија и погоди за почетна предност во првиот дел. Гостите имаа свои моменти и доминираа по бројот на упатени удари. Меѓутоа Тигерс донесе радост на „Сигнал Идуна Парк“ и со глава стави крај на сите дилеми.
Добрата сезона без пораз ја продолжи Фрајбург и ја оправда фаворитската улога против Гројтер Фирт (3-1). Волфсбург им се врати на победите и славеше во дербито на теренот на Баер Леверкузен (0-2)., а Мајнц 05 победи на гости кај Арминија (1-2).
- Фрајбург - Гројтер Фирт 3-1:
Баерн е лидер со еден бод повеќе од Борусија Дортмунд и три од изненадувањето Фрајбург.