Баерн го вратил Тухел од аеродром, Германецот тргнал да преговара со друг клуб

Томас Тухел од вчера и официјално беше претставен како нов тренер на Баерн Минхен, а се појавија и нови детали околу преговорите.

Германскиот гигант за само еден ден ги заврши сите детали, а сега се појави и причината за нивната брза „акција“. Според последните информации, Томас Тухел имал закажан лет за Лондон, каде требаше да започне преговори со Тотенхем, но го откажал поради конкретната понуда која пристигна од Минхен.

Хасан Салихамиџиќ откри колку всушност брзо течеле преговорите.

„Во неделата сè уште бевме убедени дека Јулијан Нагелсман ќе остане наш тренер. Сепак, по новите анализи, почнавме да размислуваме во друга насока. Сè завршивме во вторникот навечер“, изјави Салихамиџиќ.

Тухел очигледно бил подготвен да ја слушне понудата на Тотенхем, кој спрема отказ на Антонио Конте и се знаеше дека Даниел Леви ќе тргне по големо име.

Сепак, тоа нема да биде Тухел. Германскиот стратег можеби го направи правилниот потег, бидејќи во овој период Тотенхем е многу специфичен и му се предвидува уште полош период летово.