• Саше Љолес
Баерн Минхен ја прослави 34. шампионска титула пред своите навивачи и го совлада тимот на Борусија Менхенгладбах со конечни 2-0 (1-0) во 33. бундеслигашко коло.
- Извештај од натпреварот:
Емотивниот натпревар во кој од тимот се збогуваше легендарниот Томас Милер донесе голема иницијатива на Баварците, кои имаа многу повеќе од играта, а резултатот беше отворен во 31. минута кога погоди Англичанецот Хари Кејн.
На паузата останаа минималните 1-0, а во вториот дел домаќинот имаше уште неколку одлични шанси за поубедлива победа, но беше искористена само една. Мајкл Олисе беше автор на конечните 2-0 во 90. минута.
Славјето во Минхен постојано траеше, а навивачите ги поздравија своите миленици кои доста долго се бореа за повторно за да го симнат од тронот Баер Леверкузен. Баварците рутински ќе го одиграат последниот меч во сезоната и ќе отпатуваат на гостување кај Хофенајм.