ВИДЕО: Баерн го доби Унион во меч со два гола и два пенали!

Баерн Минхен се пласира во четвртфиналето на ДФБ Купот, откако славеше на гости кај Унион во Берлин со 2-3 (1-3). Мечот на „Ан дер Алтен Форстереи“ беше специфичен бидејќи домашната екипа даде два гола од белата точка, а баварците се радуваа на два автогола. 

Во 12. минута од средбата Анасах прв си ја стресе сопствената мрежа за 0-1. Веќе во 24. предноста ја удвои Хари Кејн по асистенција од Кимих. Унион не се откажа, па преку Леополд Кверфелд намали на 1-2. Во судиското продолжение од првиот дел Диого Леите со глава го даде вториот автогол. 

Домашните пак добија најстрога казна на стартот на продолжението, одговорноста ја презеде пак Кверфелд и погоди за 2-3. Иако Баерн имаше повеќе шанси до крајот не успеа да даде уште некој погодок. 

На останатите терени во Купот Штутгарт со 0-2 слави на гости кај Бохум, а Фрајбург со истиот резултат дома го совлада Дармштад (2-0).