• Иван Димовски

Баерн Минхен слави во дербито на денот во Лигата на шампионите, откако го победи Атлетико во Мадрид со 0-2. До оваа победа баварците стигнаа со голови во второто полувреме, откако немаше погодоци во првиот дел на „Ванда Метрополитано“. Немаше ниту многу возбудувања по првите 45 минути, бидејќи двата тима делуваа претпазливо на теренот. И на овој меч баварците беа без Винсент Компани кој сè уште заздравува, па неговиот стручен тим го понесе товарот.
- Атлетико Мадрид - Баерн Минхен 0-2:
Повеќе топката беше во нозете на Баерн, тимот од Германија се обидуваше да стигне до предност, но не му одеше. Во вториот дел конечно „пукна“ отпорот на мадриѓани во 54. минута од средбата, отккао Ленарт Карл ја смести топката во мрежата на Јан Облак. На голот му претходеше грешка на Ле Норман, а младиот Германец погоди за 0-1. Во продолжението пречката ја погоди Дајо Упамекано како најава за вториот гол кој дојде во 74. минута. Хари Кејн му асистира на Конрад Лаимер, а Австриецот реализира за удвојување на водството. До крајот баварците лесно ја одбранија предноста и впишаа нови бодови во елитата.
Фудбалерите на ПСЖ демонстрираа сила и практично за осум минути го решија прашањето за победникот на гостувањето кај Виљареал во победата од 0-6 (0-4). Европскиот првак од деветтата до седумнаесеттата минута даде четири гола на гостувањето во Шпанија и тоа по три дефанзивни грешки, од кои две беа на голманот Петар Гулаши.
- Виљареал - ПСЖ 0-6:
Резултатот го отвори Жоао Невеш во деветтата минута, па Дезире Дуе и Сени Мајулу во 12. и 13. зголемија на 0-3. Набргу следуваше нова грешка и поодок на Фабијан Руиз, а Шпанецот погоди и во 50. минута. Точка на победата стави 17-годишниот тинејџер Давид Боли во 78. минута.
Сигурна победа забележа и Барселона која на „Камп Ноу“ со 3-0 ја совлада Астон Вила. Каталонскиот гигант поведе по седум минути игра со погодокот на Ламин Јамал (1-0). Овој резултат беше активен до полувремето, а потоа во вториот дел се истакна Рафиња. Бразилскиот фудбалер со два гола во 52. и 64. минута ја обезбеди победата за својата екипа.
- Барселона - Астон Вила 3-0:
Следните натпревари во Лигата на шампионите се играат на 24 и 25 ноември.







