Баерн ги продолжи договорите со уште два клучни фудбалери

Раководството на Баерн Минхен веќе размислува со кој играчки кадар ќе му го остави тимот на новиот тренер, Нико Ковач, кој на клупата на германскиот шампион ќе седне по завршувањето на оваа сезона. 

Пред извесен период соработката беше продолжена со левото крило Франк Рибери, а денес и официјално потпис на нов договор ставија искусните Арјен Робен и Рафиња

Двајцата фудбалери се обврзаа на договор на уште една година, што значи дека на „Алијанц Арена“ ќе се задржат најмалку до 30 јуни 2019 година. За Робен новата сезона ќе биде негова јубилејна десетта како играч на Баерн, додека бразилскиот бек во Минхен се пресели во 2011 година од редовите на Џенова