ВИДЕО: Баерн ги прегази Реал и Јунајтед, а Кан го спаси пенал-рулетот на „Сан Сиро“

Баерн Минхен

Денешниот ден буди убави сеќавања за сите фанови на Баерн Минхен. Германскиот гигант на 23 мај, 2001 година ја освои титулата во Лигата на шампионите по четврти пат.

Легендарното финале против Валенсија на „Сан Сиро“ го одлучи феноменалниот Оливер Кан. Прославениот чувар на мрежата на Баварците одбрани три пенали и обезбеди трофеј за својата екипа.

Резултатот по регуларните 90 минути беше 1-1, а немаше победник ниту по продолженијата. На крај, „лилјаците“ загубија нерви во најважните моменти и пропуштија историска шанса за својот клуб.

На патот до финалето, Баерн победи дома и на гости кај Манчестер Јунајтед, а идентично беше доминантен во дуелот со Реал Мадрид. Таа сезона избраниците на Отмар Хицфилд беа најдобри и заслужено се искачија на врвот на Европа.

Трагичари на Валенсија во финалната пресметка беа Златко Заховиќ, Амедео Карбони и Маурицио Пелегрино.