• Зоран Мишевски

Јулијан Нагелсман по неполни две сезони го напушта Баерн Минхен. 35-годишниот тренер доби отказ на два месеци пред крајот на оваа сезона, во која клубот уште е во игра за три трофеи. Тимот од Минхен го презеде познато лице како Томас Тухел, кој беше и голема желба на баварскиот великан по отказот во Лондон.
Постојат неколку причини поради кои раководството на Баерн реши да му врачи оставка на Нагелсман. Германските медиуми ги открија и јасно е дека одредени работи не функционираа во клубот. Челниците на Баерн не се задоволни од игрите на екипата во Бундеслигата. Сметаат дека имало преголема недоследност во играта и оценката е дека освојувањето на шампионската титула е доведена во опасност, бидејќи Борусија Дортмунд успеа да се наметне на врвот. Без поддршка од тимот остана и Јулијан. Соблекувалната се сврте против него, ја немаше довербата од главните играчи како досега и тактичките одлуки кои ги носеше беа сомнителни.
Последната причина беше тоа што отиде на скијање за време на паузата. Тој замина во Австрија со својата девојка, додека остатокот од тимот, кој нема обврски со репрезентацијата, мораше да тренира. Сето тоа го управуваа неговите помошници. Тоа беше сфатено како исклучително лош знак од клупските челници. Затоа управата на клубот донесе одлука да го отпушти 35-годишниот тренер и тој си заминува од клубот. Германските медиуми наведуваат и дека првичниот план на баварскиот великан бил да ги сумира резултатите од работата на Нагелсман на крајот од сезоната и потоа да донесе одлука, која веројатно би била иста. Сепак, не сакаа да чекаат до крајот на сезоната, бидејќи нивна голема желба беше ангажманот на Томас Тухел. Тие сметаа дека овој стручњак лесно може да заврши на друфо место и на крајот донесоа голема одлука да го отпуштат Нагелсман.
Помошниците Дино Топмолер и Ксавиер Земброд, видео аналитичарот Бенџамин Глук го напуштаат клубот со Нагелсман, а ќе остане само новиот тренер на голманите Михаел Рехнер, кого Нагелсман го ангажира во јануари. Баерн сега редовно ќе го исплаќа својот поранешен тренер додека не најде нова работа, според договорот кој има важност до 2026 година.