ВИДЕО: Баерн ги казни промашувањата на Реал и убедливо го доби спектаклот во Хјустон

Баерн Минхен

Пред околу 60.000 гледачи во Хјустон, Баерн Минхен го доби дербито против Реал Мадрид (3-1) во рамки од Интернационалниот Куп на шампиони.

Иако почетокот им припадна на мадриѓани, кои креираа неколку шанси за гол, германскиот првак беше тој кој што го отвори резултатот. Корентин Толисо од вториот обид ја затресе „кралската“ мрежа по 15 минути игра и погоди за 1-0.

  • Извештај од натпреварот: 

Голманот Мануел Нојер беше најзаслужен за неефикасноста на фудбалерите на Зинедин Зидан. За тоа казна пристигна на спротивната страна кога Роберт Левандовски и Серж Гнабри погодија по еднаш и обезбедија убедлива предност за Баварците.

Завршницата донесе црвен картон за голманот на Баерн, Свен Улрих, откако невнимателно стартуваше врз Винициус јуниор. Од слободниот удар, новото засилување на Реал, Родриго, погоди за конечни 3-1.