ВИДЕО: Баерн ги казни промашувањата на Нејмар, Чупо-Мотинг погоди во Париз

Мотинг

Баерн Минхен успеа да го отвори ПСЖ во самата завршница од првиот дел. Нејмар ја погоди стативата, а на спротивната страна казни Чупо-Мотинг.

Гостите ја крунисаа иницијативата, иако беа инфериорни во овој период од полувремето. По една акција на Коман, топката стигна до Алаба, а по одбиената топка на Навас највисоко скокна Чупо-Мотинг и ја смести во домашната мрежа.

  • Голот на Чупо-Мотинг за 0-1:

Нејмар опасно се закани на спротивната страна. Најпрво ја погоди пречката, а потоа и стативата од голот на противникот. Нојер му одбрани и неколку зицери, па Баерн може да има среќа што на пауза замина со минимална предност.

На германскиот првак му треба уште еден погодок за да има резултат кој го носи во следната фаза.