ВИДЕО: Баерн едвај против Унион Берлин, Шалке и Борусија одиграа дерби за заборав

Иако на не така убедлив начин каков што се очекуваше, фудбалерите на Баерн Минхен им се вратија на победите во домашниот шампионат. Поразот од Хофенхајм и ремито со Аугсбург се минато за германскиот шампион, кој денес пред домашната публика со минимални 2-1 славеше на мечот со новајлијата Унион Берлин

Нико Ковач по низата критики заради лошите резултати се реши да направи неколку измени во својот состав. Перишиќ и Коман тргнаа од првата минута и одиграа солидни минути, но пак херој на тимот беше Роберт Левандовски. Полската ѕвезда повторно беше на висината на задачата и кога беше најпотребно, по една соло акција ја запечати денешната победа, која ја најави дефанзивецот Павар уште во 13. минута. Конечните 2-1 ги постави Полтер во самиот финиш од мечот.

Наместо возбудливо дерби, екипите на Шалке 04 и Борусија Дортмунд ги разочараа своите фанови и во Гелзенкирхен одиграа натпревар без многу возбудувања и шанси, кој заврши со непопуларно реми од 0-0. Овој меч беше од големо значење за гостите од Дортмунд, особено за Фавр, чие тренерско столче е разнишано по серијата лоши резултати, а дели ова реми ќе му донесе отказ или не, ќе дознаеме во следните денови. 

На останатите натпревари најинтересно беше во Берлин, каде Херта со 2-3 загуби од Хофенхајм, додека сигурни домашни победи од извојуваа Фрајбург над Лајпциг (2-1) и Падерборн над Фортуна Дизелдорф (2-0).