Баерн е разигран, а тоа се лоши вести за „волците“

Баерн

Му се случувало на Баерн да влезе лошо во новите сезони, како на пример лани кога одигра 1-1 со Гладбах, или во 2019 година кога беше 2-2 со Херта, ама многу често „баварците“ од првите рунди тргнувале со опасно плашење на ривалите. Тоа на своја кожа го почувствува Ајнтрахт среде Франкфурт, а од таа „шестка“ се тресат и сите останати Бундеслигаши. Најлошо им е веројатно на Нико Ковач и Волфсбург, пред гостувањето во Минхен овој викенд.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Бундеслигата >>>

„Волците“ значително го изменија составот во однос на минатата сезона, го донесоа хрватскиот тренер во обид да се вратат при врвот на германскиот фудбал, меѓутоа почетокот не е ветувачки. Повратникот во елитата – Вердер, долго водеше и за малку ќе ги однесеше сите бодови од градот на Фолксваген.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Баерн Минхен - Волфсбург >>>

На Ковач ќе му треба одредено време да ги вклопи сите новајлии, а ако се погледне како овој тим проаѓа на гости во Баварија – само два бода во 25 години, колку што пројдоа од нивата прва пресметка – навистина е прашање на што „волците“ може да се надеваат.

Баерн е разигран, растрчан, со многу играчи кои се во завидна форма. Садио Мане погоди од стартот, Мусиала потврдува вонсериски потенцијал, се враќа во ритам и Серж Гнабри. Сето тоа говори дека на Волфсбург не му се пишува добро на „Алијанц Арена“.

Од чист кец нема да заработите многу, ама затоа во комбинација со голови би било подобро... Не се сомневајте, ќе ги има.