ВИДЕО: Баерн доминираше цел натпревар, но остана без бодови кај Аугсбург

Баерн Минхен се врати на обврските во Бундеслигата по репрезентативната пауза и запиша неочекуван пораз на гости кај Аугсбург (2-1) во 12. коло од тековната сезона.

  • Извештај од натпреварот: 

Аутсајдерот постигна два брзи гола во втората половина од првото полувреме. Педерсен отвори, а Хан го изненади гостинот во 36. минута, кој со глава вторпат го совлада Мануел Нојер. Не се чекаше многу за одговор на Баварците. Најдобриот голгетер на шампионот Роберт Левандовски шутираше прецизно само две минути подоцна и намали на 2-1.

Гостите имаа целосна доминација во второто полувреме. Упатија дури единаесет удари кон противничкиот гол, но ниту еден од нив не ја пронајде целта. Ѕвездите на Јулијан Нагелсман запишаа втор сезонски неуспех и им овозможија на ривалите да ја намалат разликата на табелата.

Шест натпревари се играат в сабота, а ден подоцна со два меча ќе се заокружи тековното коло во германското првенство.

Состави

Markus Weinzierl

4-4-2

    Јулијан Нагелсман

    4-2-3-1