• Иван Димовски
И историски и во последните години, Борусија Менхенгладбах убедливо најмногу проблеми му прави на Баерн во Германија. „Колтите“ ги загубија последните два меча против баварците, но претходно имаа сериозна, двегодишна серија без пораз против големиот ривал, при што дури еднаш успеаја да ги понижат со 5-0.
Баерн испушти пет бода на крајот од првата полусезона, што актуелниот шампион Леверкузен го искористи да се доближи до него на минус четири. Според тоа, јасно е дека Винсент Компани нема право да направи грешка на жешкото гостување. Што се однесува до Борусија, токму кога земаше замав и по неколку месеци успеа да врзе две победи во Бундеслигата, следуваше пауза, па сега прашање е во каква форма се избраниците на Жерар Сеоан.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот меѓу Борусија Менхенгладбах и Баерн Минхен
Проблем за Баерн е отсуството на Дајот Упамекано поради суспензија, па на негово место во стартните 11 најверојатно ќе влезе Ерик Диер. Исто така, атмосферата во Себенер Штрасе ја нарушуваат неодамнешните написи во весниците во кои се наведува дека Џамал Мусиала поставил услов да има излезна клаузула во неговиот нов договор. Најдобриот играч на тимот од Минхен е повреден и веројатно зафатен со преговори, па тоа може уште повеќе да му ја отежне работата на Гладбах. На секоја од последните пет средби на Борусија и Баерн беше ГГ, а четири меча заминаа во 3+. Головите не би требало да изостанат и сега, а двојката најубаво е да ја прескокнете.