ВИДЕО: Баер во финишот се спаси од пораз, Менхенгладбах победи со гол во 94. минута

Екипата на Баер Леверкузен загуби важни бодови во трката за местата кои што идната сезона водат во Лигата на шампионите. Шампионот на Германија пред две сезони одигра без победник во соочувањето со Мајнц 05, но сепак, може да биде задоволен, затоа што избегна пораз во самиот финиш (1-1).

  • Баер Леверкузен - Мајнц 05 1-1:

Откако мрежите мируваа по првите 45 минути, гостите го отворија резултатот во 67. минута, кога Бекер ја погоди целта и донесе молк на трибините на „Бај Арена“. Домаќинот сакаше брзо да израмни и со сите сили го нападна гостинскиот гол, а тоа му успеа во 88. минута, кога Конса со својот трет овосезонски погодок стрелаше за конечни 1-1. 

  • Борусија Менхенгладбах - Унион Берлин 1-0:

За разлика од Баер, екипата на Борусија Менхенгладбах го одбрани домашниот терен и против Унион Берлин славеше со минимални 1-0 (0-0). Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во четвртата минута од продолжението кога Дикс од пенал донесе ерупција на трибините и големи три бода за својот тим.

  • Хофенхајм - Сент Паули 0-1:

На останатите натпревари од попладневната програма Сент Паули извојува триумф на гостувањето кај Хофенхајм, додека Вердер Бремен со 2-0 го победи Хајденхајм. 

  • Вердер - Хајденхајм 2-0:

Попладнево се игра големото дерби меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен на „Сигнал Идуна Парк“.