ВИДЕО: Баер во „атомски“ меч слави со Милан, рутина на Интер против Ц. Звезда!

Фудбалерите на Баер Леверкузен славеа во една од дерби пресметките на второто коло во Лигата на шампионите против Милан со 1-0 (0-0). Натпреварот на „БајАрена“ понуди две дијаметрално спротивни полувремиња. Момците на Чаби Алонсо беа целосно доминантни во првиот дел, поточно „росонерите“ беа преповлечени, а потоа и Милан се отвори и понудија лудо второ полувреме. 

  • Баер Леверкузен - Милан 1-0:

Тргна Баер фуриозно, на самиот старт се закани Инкапи, а Мењан реагира присебно и одбрани. Доминираше домашната екипа, диктираше темпо, беше опасна од речиси секоја позиција на теренот. Како Фонсека да претера во дефанзивното поставување на Милан и неговиот тим не понуди многу од стартот. Виктор Бонифејс успеа да постигне гол во првиот дел кој беше поништен поради офсајд, а имаше и уште неколку ситуации во кои домаќинот можеше лесно до гол.

Вториот дел беше вистинско фудбалско шоу, бидејќи „росонерите“ се отворија и се редеа шанса по шанса на двете страни. По два обиди Баер Леверкузен конечно дојде до предност, откако одбиена топка собра Виктор Бонифејс и ја смести во мрежата за 1-0 во 51. минута. Следеа шанси за Милан преку Реијндерс, Абрахам и Леао, но безуспешно. Шанса да стави точка на мечот имаше Фримпонг, кој не реализира зицер во контра. Најголемата можност за гостите дојде по удар на Тео Хернандез кој заврши во пречката, а одбиената топка Мората ја прати до стативата. На крајот Баер се одбрани и се радува на триумф. 

Сигурна победа забележа Интер против Црвена Звезда од 4-0 (1-0). Натпреварот на „Џузепе Меаца“ во целост му припадна на домаќинот кој одигра перфектно. Резултатот го отвори Хакан Чалханоглу со страшен гол од слободен удар во голманската страна (1-0). Во првиот гол имаше Интер и два поништени гола, но тоа го надополни во продолжението. Арнаутовиќ ја удвои предноста, а во финишот погодија Лаутаро Мартинез и Тареми. 

Идентична победа ама на гости запиша и Манчестер Сити кај Слован Братислава (0-4). Одигра англискиот првак одличен натпревар, уште рано поведе со головите на Гундоган и Фоден, а потоа преку Халанд и Мекати го потврди триумфот. 

  • Слован Братислава - Манчестер Сити 0-4:

Реми со по гол во Ајндховен одиграа ПСВ Ајндховен и Спортинг (1-1). Домаќините поведоа преку Шаутен во 15. минута, а Браганца во 84. донесе бод за Португалците. 

  • ПСВ Ајндховен - Спортинг Лисабон 1-1:

Состави

Чаби Алонсо

4-2-3-1

    Пауло Фонсека

    4-3-2-1