• Горан Упале
Германскиот фудбалски шампион, Баер Леверкузен ја мина првата пречка во Купот на Германија. Но, потешко од очекуваното. Момците на Чаби Алонсо се намачија против нисколигашот Карл Цајс Јена и на крај остварија победа од минимални 0-1, со што го затворија кругот на учесници во втората рунда од Националниот Куп.
Шпанскиот тренер се реши натпреварот на гости да го започне за речиси најсилен состав. Шик беше предводник на нападот, а веднаш зад него беа Ади и Хофман, кој во вториот дел го постигна единствениот погодок на средбата.
GOAL | HOFMANN OPENS THE SCORING FOR LEVERKUSEN!
Jena 0-1 Bayer Leverkusen
pic.twitter.com/w4lohH7W20— AllGoals (@_allgoals_) August 28, 2024
По првите 45 минути мрежите мируваа, Баер имаше иницијатива и создаде многу шанси, но домаќините успешно се бранеа. Во вториот дел Алонсо во игра го внесе Грималдо, кој по само шест минути игра запиша асистенција по која Хофман со прекрасен гол со глава го постави конечните 0-1 и го одведе својот тим во 1/16финалето во Купот на Германија.
Во продолжение во игра влегоа и Вирц, Фримпонг и Џака, но резултатот остана непроменет.