ВИДЕО: Баер одново победува, ефикасно реми во Менхенгладбах

Баер Леверкузен им се врати на победите и ја совлада Арминија (2-0) во 24. коло од Бундеслигата. „Фармацевтите“ се зацврстија на третото место и продолжија да го бркаат водечкото дуо.

  • Баер Леверкузен - Арминија Билифилд 3-0: 

Со оглед на случувањата на теренот, домаќинот заслужено ги освои трите бода. Лукас Аларио погоди под пречката по половина час игра и донесе ерупција на „БајАрена“. Потврда на победата се случи во вториот дел, кога Муса Диабо со две реализации го дотолчи ривалот.

  • Унион Берлин - Мајнц 05 3-1:

Убедлив настап запиша и Унион Берлин против Мајнц 05 (3-1). Тимот од главниот град остана во местата кои носат излез во Европа благодарение на головите на Харагучи, Бекер и Авониј.

  • Борусија Менхенгладбах - Волфсбург 2-2:

Возбудливо и ефикасно беше во Менхенгладбах каде Борусија се врати од 0-2 и избори реми против Волфсбург (2-2). Лакроа го расипа впечатокот на гостите со црвениот картон во вториот дел. Бројчаната предност ја искористија домашните фудбалери за да постигнат два гола преку Турам и Емболо.

  • Фрајбург - Херта 3-0:

Гројтер Фирт и Келн го поделија пленот (1-1), а Фрајбург одигра нов сигурен натпревар на домашен терен против Херта (3-0).

Состави

Gerardo Seoane

4-2-3-1

    Uli Forte

    4-2-3-1