Баер Леверкузен се ослободи од Херлих и експресно назначи нов шеф на стручниот штаб

По очајните резултати оваа сезона, раководството на Баер Леверкузен се реши да му врачи отказно решение на својот тренер Хајко Херлих. 

Иако беше еден од најголемите претенденти за највисок пласман, Баер целосно разочара оваа есен, па разделбата беше неизбежна. Челните лица експресно реагираа и по само еден час го објавија новиот предводник, кој ќе биде земена за Херлих. 

Во пролетниот дел од Бундеслигата, тимот ќе биде воден од поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ајакс, Петер Бош, кој својата официјализација ќе ја има на 4 јануари. Привремено тренинзите ќе ги води помошникот Нико Шнек, а Бош ќе стави потпис на договор со важност до јуни 2020 година.