ВИДЕО: Баер Леверкузен од 3-1 до победа од 3-4 и тоа со гол во 94. минута

Екипите на Штутгарт и Баер Леверкузен одиграа неверојатно возбудлив натпревар во 26. коло на Бундеслигата, кој заврши со победа на гостите од 3-4.

Стрелец на победничкиот гол за шампионот беше Патрик Шик во четвртата минута од судиското надополнување, на асистенција на Џереми Фримпонг. Тоа беше врв на драмата во „МХП Арена“, каде навивачите беа сведоци на уште еден фудбалскиот спектакл во режија на четата на Чаби Алонсо

  • Шттугарт - Баер Леверкузен 3-4:

„Швабите“ имаат за што да жалат бидејќи водеа со 2-0, па со 3-1. Со оваа победа германскиот шампион ја одржа негатива од шест бода во однос на лидерот Баерн Минхен.

  • Хајденхај - Холштејн Кил 3-1:

Домашна победа запиша Хајденхајм, кој го совлада Холштајн Кил со 3-1.