ВИДЕО: Баер Леверкузен ја „збриша“ Фортуна и по четири години ќе игра финале во Купот

Продолжува бајката на фудбалерите на Баер Леверкузен и тренерот Чаби Алонсо. „Апотекарите“, покрај брилијантната сезона во Бундеслигата, која најверојатно ќе ја завршат со историски прв трофеј, вечерва ја поминаа претпоследната пречка во Купот на Германија. 

Баер во вториот полуфинален натпревар ја оправда улогата на фаворит против Фортуна Дизелдорф и со победата од (3-0) по пауза од четири години одново ќе игра во финалето на националниот Куп. 

Момците на Чаби Алонсо, кој пред извесен период објави дека останува на „Бај Арена“ и покрај понудите од великани како Баерн Минхен и Ливерпул, својата задача ја завршија уште во првите 45 минути, во кои трипати беше затресена мрежата на гостите. Резултатот го отвори Фримпонг во седмата минута, а до крајот на полувремето погодија уште Адли и Вирц. 

Човекот кој што пред нешто повеќе од една седмица на Франција ѝ даде гол по само седум секунди игра, и вечерва беше расположен за игра и во 60. минута со својот втор погодок ги постави конечните 4-0.

  • Извештај од натпреварот:

Во големото финале Баер Леверкузен ќе се сретне со Кајзерслаутен, кој во првото полуфинале со сигурни 0-2 го совлада Сарбрикен.

Состави

Чаби Алонсо

5-3-2

    Daniel Thioune

    4-3-3