• Горан Упале
Младиот аргентински напаѓач, Алехо Уриел Сарко, е нов член на Баер Леверкузен, објави актуелниот германски фудбалски шампион.
18-годишниот Аргентинец како слободен играч пристигна во Баер од аргентинскиот клуб Велез Сарсфилд, потпишувајќи четиригодишен договор.
„Ова е нешто за што сонував. Баер долго време се интересираше за мене и внимателно ја следев минатата сезона на клубот. За мене е возбудливо што сум дел од овој тим“, изјави младиот Сарко.
Баер Леверкузен моментално е на второто место во Бундеслигата, со четири бода помалку од лидерот Баерн Минхен.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.










