ВИДЕО: Баер како да се претплати на нерешени, Штутгарт извлече „икс“ кај шампионот

Баер Леверкузен како да се претплати на реми исходи, бидејќи во последните пет бундеслигашки меча ги забележа дури четири. Шампионот на Германија одигра без голови на „Бај Арена“ против екипата на Штутгарт (0-0) на стартот на деветтото коло. 

  • Извештај од натпреварот:

Избраниците на Чаби Алонсо беа максимално доминанти, поконкретни и поопасни, меѓутоа не успеаја да го пронајдат патот до гостинската мрежа во Леверкузен. Не е дека немаа шанси, уште на почетокот се заканија Фримпонг и Грималдо. Имаше Фримпонг и еден поништен погодок поради офсајд, а потоа Тапсоба погоди и пречка. 

Виктор Бонифејс беше близу до гол, првиот обид му го одбрани голманот Нубел, па ја стресе и рамката од голот на стартот на вториот дел. И во продолжението Баер не се откажа, имаше шанси пак преку Фримпонг и Бонифејс, но мрежите мируваа до крајот на средбата. 

По девет одиграни натпревари шампионот од Леверкузен има 16 бода од максималните 27, додека Штутгарт има три помалку.

Состави

Чаби Алонсо

3-4-3

    Sebastian Hoeness

    4-4-2