ВИДЕО: Баер го посрамоти Вест Хем и со четири гола го прати за Лондон

Фудбалерите на Баер Леверкузен го декласираа Вест Хем со 4-0 (3:0) во подготвителен натпревар, кој се одигра на „Баер Арена“ во Леверкузен.

Головите за германскиот клуб ги постигна Јонас Хофман, потоа автогол си даде Тило Керер, од белата точка беше прецизен Виктор Окох, а конечните 4-0 ги постави Роберт Андрич од најстрога казна.

  • Извештај од натпреварот: 

Очигледно нешто не функционира како што треба во редовите на Вест Хем. Моментално е единствениот тим од Премиер лигата кој не донесе ниту едно засилување во летниот преоден рок, а во последно време се шират гласини дека тренерот на тимот Дејвид Мојс не е во добри односи со раководството на клубот и наводно сака да си замине.

Почетокот на Премиер лигата е закажан за 11 август, а Вест Хем ден подоцна му гостува на Борнмут.