• Горан Упале
Италијанската фудбалска легенда Роберто Баџо зборуваше за неговиот промашен пенал во финалето на Светското првенство во 1994 година во Соединетите Американски Држави. По промашениот пенал на Баџо, Бразил го освои Светското првенство, додека Италијанците мораа да се задоволат со второто место.
„Да имав нож во тој момент, ќе се самоубиев. Да имав пиштол, ќе се самоубиев. Во тој момент сакав да умрам“, откри Баџо.
Потоа легендарниот напаѓач се осврна на настапот на Италија на тој Мундијал.
„Цело Светско првенство моравме да работиме исклучително напорно, далеку над човечките можности, за да можеме да играме. Беше многу топло. Но, и покрај сè, бевме водени од страста и желбата да постигнеме резултати, а многу Италијанци кои живееја таму како имигранти беа горди на нас. Го чувствувавме тоа како тим. Ни даде дополнителна сила да ги надминеме пречките“, додаде Баџо.
59-годишниот Баџо во својата фудбалска кариера играше за трите најголеми италијански клуба (Јувентус, Милан и Интер), а дресот на Италија го носеше до 2004 година.
