Бадијала потроши 30 милиони, холивудските ѕвезди размислуваат за нов тренер на Рексам

Велшкиот фудбалски клуб Рексам по три промоции во низа оваа сезона се натпреварува во Чемпионшип. Сепак, во второто по ранг натпреварување во Англија не цветат рози.

Клубот потроши над 30 милиони евра во летниот преоден рок за засилувања. Дојдоа квалитетни играчи со искуство во Премиер лигата, како на промер Конор Коди и Џејмс Ворд, но резултатите се разочарувачки на почетокот на сезоната.

Рексам моментално е на 21. место во Чемпионшип и затоа сопствениците на клубот, холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Боб Мекелени, размислуваат за доведување на нов тренер.

Фил Паркинсон, тренерот на овој клуб, е еден од оние што го искачија тимот од петтата лига во втората. Сепак, неговата позиција во моментов не е стабилна. Паркинсон би можел наскоро да биде отпуштен, доколку резултатите не се подобрат, а името на неговиот наследник или барем кандидат за таа позиција сè уште не е познато. Рексам ќе го пречека тимот на Норич следната недела.