ВИДЕО: Бадијала мајсторијата на Жирото, Ница за нијанса подобар од Нант

Добрата форма на Ница продолжи на дуелот со Нант (2-1) во натпреварот од 21. коло од Лига 1. Тимот на Кристоф Галтие со четвртиот триумф во низа се зацврстија на втората позиција, зад непиркосновениот лидер ПСЖ.

  • Извештај од натпреварот:

По еден невнимателен фаул Абдулаје Сиља, домаќинот стигна до предност. Успешен реализатор од белата точка беше Данец от Каспер Долберг. Мала мајсторија за израмнување и радост на „канаринците“ обезбеди Андреј Жирото. Неговиот удар пред самата пауза ја шокира Ница и беше најава за возбудливо второ полувреме.

Само десетина минути во вториот дел беа потребни домашните фудбалери одново да поведат. Овојпат на вистинското место се најде Кефрен Турам и ја искористи асистенцијата на Амине Гури. До крајот гостинскиот тим притискаше и направи неколку добри обиди. Но, победата и бодовите останаа кај домаќинот.

Нант ја прекина низата позитивни резултати и по четири кола ја почувствува горчината на поразот. 

Состави

Christophe Galtier

4-4-2

    Antoine Kombouare

    5-3-2