• Иван Димовски
Фудбалерите на Фарски Острови славеа во мечот од петтото коло на Лигата на нациите во Ерменија (0-1), во натпреварот од групата 4 од Ц сегментот каде што се натпреварува и Македонија.
Бадијала Ерменците доминираа и имаа 25 шута со 73% посед на топка, не успеаја да го пронајдат патот до мрежата. Единствениот гол на средбата во Ереван го постигна Виљормур Давидсен од белата точка во 33. минута (0-1). Освен ова, гостите имаа само еден шут на целиот меч.
Ерменија има за што да жали, бидејќи и математички остана без шанси за првото место во групата. Оваа победа малку ѝ помогна на Македонија, бидејќи сега единствено Летонците имаат нереални шанси да нè престигнат на табелата.
Сепак, за тоа да се исполни Летонија треба да победи со повеќе од 0-3 во Скопја, а потоа и против Ерменија, додека Македонија мора да загуби и од Фарски Острови в недела.