ВИДЕО: Бабунски влезе од клупа и забележа гол и асистенција за Ботев

Македонскиот фудбалер Дориан Бабунски е човек на натпреварот меѓу Ботев Враца и Етар (2-0) кој се одигра во рамки на групата за опстанок во бугарскиот шампионат.

Напаѓачот влезе од клупата и со гол и асистенција донесе значаен триумф за неговата екипа. Бабунски се најде на теренот на стартот на второто полувреме, а резултатот го отвори во 77. минута кога по асистенција на Ничев погоди со глава.

Потоа, центарфорот доби улога на асистент - во 90. минута го проигра Ивалјов, кој ги постави конечните 2-0 со кои Ботев Враца освои златни три бода во битката за опстанок во бугарската елита.