• Зоран Мишевски

Амбициозниот второлигаш Пелистер од денес се подготвува крај Охридското езеро. Првиот ден беше искористен за пријателски натпревар со еден од трите тима кои ги совладаа битолчани во есенскиот дел на ВМФЛ.
Пелистер среде Струга со 0-1 (0-1) го надигра Караорман. Стрелец на единствениот гол за Пелистер беше дефанзивецот Томе Китановски. Од утре екипата на Бабунски своја база ќе има во Охрид, каде секојдневно ќе тренира, а ќе одигра и неколку контролни натпревари.
Пријателски натпревари на Пелистер:
27 јануари - Пелистер - Караорман 1-0
31 јануари - Пелистер - Работнички
4 февруари - Пелистер - Брегалница
8 февруари - Пелистер - Победа
12 февруари - Пелистер – Тиквеш
Пелистер презими на четвртото место, но не ги крие високите амбиции оваа пролет. Битолскиот гигант доби нов претседател во името на Митко Стојковски, Бабунски го замени Секуловски на клупата, а нови имиња годинава се Марио Наумоски, Бојан Спиркоски и Ерен Парталко.