• Саше Љолес
Македонскиот репрезентативец, Доријан Бабунски, го постигна првиот гол во дресот на швајцарскиот Грасхоперс. „Скакулците“ славеа гостинска победа кај Ивердон со убедливи 0-3, а нашиот Бабунски вo 72. минута беше стрелец на третиот гол за неговиот тим.
Гостите имаа минимално водство на полувремето, а во вториот дел победата беше запечатена со головите на Бабунски и Мабил.
- Првиот гол на Доријан Бабунски за Грасхоперс:
Нашиот репрезентативец летово се пресели во Швајцарија од редовите на унгарскиот Дебрецен. Досега за Грасхоперс настапи на шест натпревари, а конечно стигна и до голот-првенец во дресот на швајцарскиот гигант.