Бабунски игра во врвна форма, избран за најдобар играч во Унгарија за февруари

Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски уште еднаш потврди дека игра во врвна форма во овој дел од сезоната. Одличниот напаѓач попладнево одново стрелеше за својот Дебрецин, а по средбата со Кишварда доби и големо индивидуално признание.

По одлична тимска акција Македонецот погоди во 48. минута и донесе важна победа за својот тим (0-1), додека по натпреварот доби признание за најдобар играч на унгарскиот шампионат за месец февруари, во изборот па познатиот унгарски медиум „М4 Спорт“.

Голот против Кишварда беше јубилеен десетти за Бабунски оваа сезона, а неговата одлична форма сигурно го радува селекторот Благоја Милевски во пресрет на стартот на квалификациите за Европското првенство и средбата со Малта.