Бабунски го спаси Ботев од директно испаѓање, сега сака успех во баражот

Македонскиот фудбалер Дориан Бабунски е спасител на Ботев Враца. Напаѓачот даде два важни гола за победа во последните две кола, па успеа на својот клуб да му донесе шанса да игра бараж за спас.

Ботев Враца беше во лоша позиција и му се закануваше директно испаѓање, но Бабунски донесе два важни бода против Монтана и Славија Софија вредни спас.

„Ние сме една добра екипа. Имавме лоши и добри моменти, но успеавме да издржиме во битката до крај. Сега сакам да го добиеме баражот, сакаме да го направиме тоа и мислам дека ќе успееме“, изјави Бабунски.

Ботев Враца во баражот ќе игра против Септември Софија на домашен терен. Мечот е закажан на 28 мај со почеток од 18:00 часот.