ВИДЕО: Деби на Бабунски со асистенција, погоди и пречка со „ножички“!

Дориан Бабунски со асистенција дебитира за бугарскиот Ботев Враца во шампионатот, во поразот во дуелот против Берое (1-2) на домашен терен.

Македонскиот напаѓач кој пристигна од Јапонија со глава го пронајде Николов во 20. минута, за изендачување на резултатот на 1-1. Потоа, Бабунски имаше атрактивни „ножички“, но пречката беше сојузник на Берое.

  • Асистенцијата и пречката на Бабунски:

Напаѓачот пристигна во редовите на Ботев од јапонска Мачида. Впечатокот за партијата на Бабунски кај бугарските љубители на фудбалот е позитивен.