Бабукар Гаје го смени Охрид за Тетово и потпиша со Шкендија

Македонскиот првак Шкендија го промовира новиот голман кој доаѓа по заминувањето на Ристе Јанков. 

Нов член на тетовчани е Бабукар Гаје, 27-годишникот кој минатата полусезона ја мина во Охрид бранејќи за Воска Спорт. Станува збор за гамбиски голман со германски пасош кој во јануари пристигна во Воска по авантура во Локо Софија. Во својата кариера Гаје беше дел од повеќе германски нисколигаши, а тргна од Арминија Билифилд. 

Досега Шкендија се засили со Нуман Ајетовиќ, Мевљан Мурати и Имран Фетаи. Нови договори потпишаа Клинсман Цаке и Камер Ќака, додека од клубот заминаа Коцев, Шаља, Мерџани, Јанков...